
Кремаст десерт кој нема да ве остави рамнодушни: Рецепт за совршен чизкејк со бисквити
Чизкејкот и сите негови верзии се десерти на кои ретко кој може да одолее. Кремастиот десерт има совршена текстура која оди уште подобро со бисквит, а неговиот неутрален вкус остава безброј можности за надградба на десертот со овошје, карамела, чоколадо…
Препорачано
Постојат десетици рецепти за чизкејк. Има такви кои не се печат, некои на кои им е потребна термичка обработка, па оние со само еден слој крем, како и оние со две-три кори. Помеѓу различните видови, ова е рецепт за чизкејк, кој ќе ги воодушеви сите што ќе го пробаат.
Основата е од мелен бисквит, а има два слоја крем. Иако вкусот е фантастичен и без додатоци, доколку сакате, на готовиот колач можете да додадете овошен или чоколаден прелив.
Состојки:
За основата:
20 бисквити (околу 200 грама)
100 г путер
1 ванилин шеќер
50 г шеќер
За првиот крем:
500 г свежо сирење
200 г шеќер
1 ванилин шеќер
5 јајца
За вториот крем:
4 чаши кисела павлака (2 полномасни и 2 со средна содржина на маснотии)
120 г шеќер
1 ванилин шеќер

Подготвка:
Сомелете ги бисквитите. Наведената количина е за тенка основа, доколку сакате подебела додадете уште 10-тина.
Се топи путерот, се додава шеќерот и ванилиниот шеќер, па се прелеваат со бисквитите и се соединуваме со раце.
Подлогата за бисквит притиснете ја на дното на калапот на кој сте ставиле хартија за печење или сте ја премачкале со масло, за да не се залепи колачот.
Измешајте половина килограм сирење со шеќер и ванилин шеќер, па додадете по едно јајце со постојано мешање.
Истурете ја смесата врз базата за бисквити и ставете ја во ладна рерна која потоа ја вклучувате на 200 степени. Кога рерната ќе достигне температура, намалете ја на 160-170 степени и печете уште дваесетина минути.
Додека колачот се пече, подгответе го горниот слој. Измешајте крем со шеќер и ванилин шеќер во мазна смеса.
Кога долниот слој ќе се испече, извадете ја тортата од рерна и почекајте пет минути.
Потоа прелијте го горниот слој, односно белиот крем и вратете го во рерна уште 10 минути.
Готовиот колач изладете го на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер добро да се излади пред да го послужите.
По желба, тортата можете да ја декорирате со овошје или да додадете прелив од карамела или чоколадо.