Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Кралски експерт тврди: „Го видов кралот Чарлс пред да го хоспитализираат, тој е доста променет“

Кралот Чарлс Трети, монархот на Велика Британија, претрпел несакани ефекти од лекувањето на ракот, што доведе до итна хоспитализација, потврди Бакингемската палата.

Кралот (76) бил примен во болница поради привремени несакани ефекти од лекувањето, но веќе е во својот дом, Кларенс Хаус, откако поминал одредено време под медицински надзор.

Иако кралот ги претрпе овие привремени тешкотии, Бакингемската палата нагласи дека неговото закрепнување е во тек и дека неговите здравствени проблеми се под контрола. Кралот Чарлс привремено се повлече од голем број јавни ангажмани, додека закрепнува и продолжува со лекувањето.

Кралскиот експерт Хуго Викерс, кој ги виде кралот и кралицата Камила во вторникот, истакна дека и покрај видливиот замор, кралот сè уште покажува виталност.

-Иако изгледа постар во изминатата година, кралот е исклучително внимателен и витален. Тој истакна дека кралот продолжува да ужива во својот нов кралски ангажман и дека неговата посветеност на должностите е очигледна“, изјавил Хуго, пренесува „Сан“.

Кралот Чарлс започна со лекување на ракот во јануари минатата година, откако тестовите го открија ракот при рутински преглед. Лекувањето трае повеќе од една година, а според информациите од Бакингемската палата, ракот во моментов е под контрола, но бара постојана медицинска помош.

Од палатата додаваат дека несаканите ефекти од лекувањето се привремени и дека кралот сега е во добра здравствена состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот