
Кралот Чарлс се враќа на јавните ангажмани по хоспитализацијата поради несаканите ефекти од лекувањето на ракот
Кралот Чарлс имал „тивок“ викенд, а сега се подготвува за нормална работна недела по престојот во болница. Монархот кој откажа голем број ангажмани поради несакани ефекти од лекувањето на ракот, се повлече во својата селска куќа, Хајгроув, пренесуваат странските медиуми.
Препорачано
Денес, помошниците од палатата велат дека кралот се подготвува за „нормална работна недела“. Сепак, некои состаноци се одложени пред државната посета на Италија следната недела.
Во среда, кралот ќе одржи состаноци во Бакингемската палата и ќе присуствува на редовен состанок со премиерот. Потоа, во четврток, точно една недела по неговата непланирана посета на клиниката во Лондон, тој ќе се врати на јавните обврски со ангажмани во Лондон и Виндзор, велат од палатата.
Тие ќе бидат домаќини и на тројца амбасадори на предавањето на акредитивните писма, а во петок со кралицата Камила ќе се подготват за четиридневно патување во Италија следната недела.
Сепак, „една или две“ средби се поместени за да се „обезбеди соодветна рамнотежа“ пред државната посета.
Патем, кралот се лекува од рак повеќе од една година. Тој ја посети болницата минатиот четврток поради несакани ефекти од лекувањето и мораше да ги откаже средбите со амбасадорите и ангажманот во Бирмингем.