Фото: EPA-EFE/DAVID RAWCLIFFE

Крај на една ера: Бензема дефинитивно го напушта Реал Мадрид

Францускиот фудбалер Карим Бензема по 14 години го напушта Реал Мадрид и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.

Деталите не се потврдени, но според објавите на шпанските медиуми станува збор за договор со Ал Итихад за 100 милиони евра по сезона.

Бензема во средата имал состанок со тренерот Карло Анчелоти на кој го известил за своите планови, а во клубот немале намера да му прават проблеми.

Понудата од Ал Итихад, Бензема ја добил пред неколку недели, меѓутоа му требало време и дефинтиивно да одлучи. Бензема во Реал Мадрид пристигна во 2009 година и со 353 гола на 647 натпревари е на второто место на најдобрите стрелци во историјата на Реал Мадрид, пред него е само Кристијано Роналдо.

Со „кралевите“ успеа да освои пет титули во Лигата на шампионите, четири во Ла Лига и три трофеи во Копа Дел Реј.

Денес претходно, тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие го потврди и заминувањето на Меси од Пари Сен Жермен. Новиот клуб на Меси засега не е познато, а Аргентинецот има понуда од Ал Ахли исто така од Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот