Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Крај на една блескава ера: Тимур Дибиров го одигра последниот натпревар во кариерата

По две децении на највисоко ниво, легендарното лево крило Тимур Дибиров стави крај на својата блескава ракометна кариера. Рускиот интернационалец, кој најголемиот дел од својата европска приказна ја испиша токму во Македонија со Вардар, се прости од спортот со емотивна порака.

„Пријатели, ова беше последен натпревар во мојата кариера, на малото момче кое сонуваше да игра ракомет со своите другари и ништо повеќе од тоа. Благодарност до моето семејство, сопругата, децата, родителите… кои ме поддржуваа, моите клубови, репрезентацијат и соиграчите, тие се најдобри на светот. Ќе ми недостасуваш, ракомету“, напиша Дибиров на социјалните мрежи.

Дибиров важи за еден од најдобрите странци кои некогаш настапувале во македонскиот шампионат и е вистинска икона за навивачите на Вардар. Со „црвено-црните“ освои две титули во Лигата на шампионите (2017 и 2019), бројни домашни трофеи и остави неизбришлива трага со својот харизматичен настап и несопирлив стил на игра.

Неговата порака ја обиколи Европа, а фановите, соиграчите и спортската јавност со голема почит му оддаваат признание за сето она што го направи на терените.

Иако повеќе нема да го гледаме во дресот на омилените тимови, името на Тимур Дибиров ќе остане симбол на страст, пожртвуваност и љубов кон ракометот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Timur Dibirov (@timurdibirov31)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот