Полиција / Фото: МВР

Крадец од Струмица бил фатен како „оперира“ во Валандовско, избегал со украдена „шкода“, по што бил уапсен

Во близина на индустриската зона кај село Раброво, валандовско, вчера во 09:10 часот полицијата го уапсила 31-годишниот А.Х. од Струмица, кој бил осомничен дека еден час претходно се обидел да изврши кражба во една од куќите во селото, откако бил забележан од сопственикот, побегнал.

Струмичанецот А.Х. бил запрен управувајќи „шкода“ со неготински регистарски ознаки, кое претходно било пријавено за украдено во Неготино, информираат од полицијата.

Оттаму додаваат дека возилото ќе биде вратено на сопственикот, а за настанот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и по документирање на случаите против уапсениот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот