Фото: Јутјуб/принтскрин

Ковачевски за Димовски: Направи историски исчекор и напредок за сите работници

Премиерот Димитар Ковачевски  изрази сочувство по повод смртта на Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Во објава на својот фејсбук-профил, претседателот на Владата посочува дека посветеноста на Димовски во борбата за правата на работниците беше исклучителна, а неговата вклученост во синдикалното и работничкото движење, како што вели, остави неизбришлива трага која и понатаму ќе е пример за посветена и успешна работа.

„Со огромна жал ја примив веста за прераната смрт на Дарко Димовски, претседателот на ССМ. Изразувам најдлабоко сочувство до неговото семејството, колегите и пријателите. Со неговата отвореност, прагматичност и подготвеност за дијалог успеа да направи историски исчекор и напредок кој и во годините кои доаѓаат ќе обезбеди подобар квалитет на живот за сите работници во државата. Слава му!, напиша Ковачевски.

Од Синдикатот информираа дека Дарко Димовски почина по кратко боледување на 45-годишна возраст.

„Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија. Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото семејство“, соопшти денеска ССМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!