Панче Тошковски -министер за внатрешни работи / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Ковачевски не се откажал од македонското државјанство, изјави Тошковски

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е осомничен за несовесно работење, не се откажал од македонското државјанство, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

– Вчера имаше многу шпекулации во однос на вашето прашање и каде се наоѓа или дали се откажал од македонското државјанство. Посоченото лице е во рамки на регистарот на државјани на Македонија и е македонски државјанин. Не побарало отпуст, согласно информациите што ги имам – изјави Тошковски.

Првиот човек на МВР, изјави дека сè уште не е позната локацијата на којашто се наоѓа Васко Ковачевски.

Вчера при извршени претреси во Битола, Неготино, Кичево, Велес и Скопје за време на акцијата се обезбедени голем број материјални докази, а кај три лица пронајдени се и одземени околу 130.000 евра.

Дел од осомничените во својство на службени лица во АД ЕСМ и АД „Пошта на Северна Македонија“ создале група која имала за цел вршење на кривични дела злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот