
Ковачевски на Самитот во Солун: ЕУ интеграцијата и енергетската трансформација остануваат наши врвни приоритети
Препорачано
Во своето обраќање премиерот Ковачевски потенцираше дека трите клучни приоритети за нашата земја во овој период на најголема Светска криза по Втората Светска војна, се реализацијата на енергетските проекти, регионалната соработка, како и од неопходноста од интеграција на Северна Македонија во ЕУ.
Во однос на светската енергетска криза и растот на цените како резултат на воената агресија врз Украина, премиерот Ковачевски посочи дека глобалните последици кои ги чувствува целиот свет бараат итна заедничка координација преку платформи како што е ПСЈИЕ.
„Постои чувство на итност за натамошна заедничка координација со цел веднаш да одговориме на заедничките предизвици преку корисни платформи како што е ПСЈИЕ, но и во синергија со Европската Унија. Во тој поглед, ја поздравивме подготвеноста на ЕУ да ги вклучи земјите од Западен Балкан во заедничката платформа за купување гас, со цел диверзификација на енергетските резерви, најмногу испораките на гас и зајакнување на енергетската безбедност. Северна Македонија е посветена на зголемување на енергетската диверзификација и независност за поддршка на нашата национална безбедност, а со тоа ќе ги спречи влијанијата од климатските промени – истакна премиерот Ковачевски.
„Можности за унапредување на регионална соработка има и во рамки на Берлинскиот процес и иницијативата Отворен Балкан. На Самитот на Отворен Балкан бев домаќин оваа среда во Охрид заедно со претседателот Вучиќ и премиерот Рама, а се приклучија и премиерот Абазовиќ и претседавачот на советот на министри на Босна и Херцеговина Тегелтија. И покрај тоа што се разновидни по својот состав и содржина, сепак, сите овие иницијативи се стремат да ни овозможат поголем економски раст што е клучен предуслов за стабилност и просперитет – додаде Ковачевски.