Димитар Ковачевски/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

Ковачевски и Димовски сепак не се дел од истрагата за „Лотарија“, појасни Обвинителството

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски и генералниот секретар Методија Димовски не се опфатени со истрагата за случајот ,,Лотарија”, во кој еден од осомничените е вицепремиерот Артан Груби, пишува „Фокус“.

Според порталот, забуната во јавноста настанала поради тоа што Ковачевски и Димовски биле опфатени со кривичната пријава на МВР и Финансиската полиција, каде што се пријавени вкупно осум лица, но од Скопското обвинителство информираа дека истрагата е отворена за шестмина, а по описот на осомничените, очигледно е дека не се опфатени поранешниот премиерот и владин генерален секретар. Очигледно е дека против двајцата не биле обезбедени докази за вмешаност во случајот.

Појаснување даваат и од Обвинителството:

-Основното јавно обвинителство Скопје во овој предмет постапуваше по поднесени кривични пријави и од Министерството за внатрешни работи и од Управата за финансиска полиција. По сите преземени дејствија од сите надлежни институции во конкретниот случај до овој момент се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека наведените шест лица презеле дејствија со кои исполнуваат обележја на кривичните дела, велат од Обвинителството објаснувајќи ја разликата во бројката која излезе од МВР и од нивната институција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот