
Ковачевски: Државата ќе обезбеди средства за сервисирање на долгот за струја на Клиничкиот центар во Скопје
Обврска на државата и на Министерството за финансии е да обезбеди средства за непречено функционирање на Клиничкиот центар во Скопје, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Препорачано
Мора да бидеме свесни дека Министерството за здравство помина низ еден долг процес на борба со корона кризата и тогаш сите граѓани беа згрижени без да има какво било нарушување на процесот на пружање на такви услуги, посочи премиерот.
Сите ресорни министри кажаа дека е обврска на државата да обезбеди здравствени услуги и во оваа сега енергетска криза исто како и образовни услуги што го правиме и преку нудење на електрична енергија по пониски цени од берзанските преку ЕСМ. Исто ќе направиме и со финансиски средства и за фирми како ЕСМ, како и за други витални функции на државата, рече Ковачевски по отворањето на Првиот национален саем за храна и пијалаци во Градскиот парк во Скопје во одговор на прашање како мислат да му помогнат на Клиничкиот центар во Скопје да ги подмири долговите што ги има за неплатена електрична енергија по најавите на ЕВН дека ќе ги исклучи доколку не го сервисираат долгот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
6час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5