Андреј Ковачев, фото: Фејсбук

Ковачев: Македонските власти нека не трошат пари на неплодни лобистички кампањи и нека ги исполнат своите обврски

Европратеникот на бугарската партија ГЕРБ, Андреј Ковачев ги повикува македонските власти, наместо да трошат пари на, како што вели, „неплодни лобистички кампањи и градење митови, да ги исполнат своите обврски, да раскинат со комунистичкото наследство на Титова Југославија и да се приближат кон ЕУ со реални дејствија“.

Ковачев поттикнат од изјавата на Мицкоски дека Европа „ја слушнала вистината за македонскиот идентитет“ и дека извештајот на ЕП за напредокот на земјата ќе биде усвоен искоментира дека „во нацрт-извештајот на Европскиот парламент нема многувековен македонски идентитет, ниту во текстот, ниту како предлог од кој било европратеник. Според бугарскиот европратеник ова е уште една манипулација и фикција од страна на Скопје.

„Обидот на Христијан Мицкоски да го претстави извештајот на ЕП како „признание за македонската вечност“ е евтин политички трик. Неговата цел е да прикрие нешто друго – дека всушност се согласува со козметичкото вклучување на Бугарите во преамбулата на Уставот“, пишува Ковачев.

Според Ковачев, ова не е доволно за да се започнат преговорите со Европската Унија. Ковачев потсетува под кои околности Бугарија може да го запре процесот:

„Ако условите од Договорот за добрососедство од 2017 година и неговите протоколи не се почитуваат и правата на македонските Бугари се прекршени. Бугарскиот устав е граѓански – не признава етнички заедници. Затоа не може да има „етнички Македонец“ во Комитетот за малцинства. Таков комитет едноставно не постои“, тврди Ковачев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот