Костадинивска-Стојчевска: Со измените на Законот за игри на среќа се обезбедуваат средства за заштита на македонското културно наследство

Бисера Костадиновска Стојчевска - министерка за култура / Фото: „Слободен печат“

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во нејзиното гостување на утринската програма на „Слободен печат“ на Слободна ТВ рече дека со измените на Законот за игри на среќа ќе се обезбеди фонд за заштита на културното наследство, со цел обезбедување средства за одржување, реконструкција и одржливост на културното наследство.

„Во Министерството за култура се соочуваме со голем одлив на културни работници и за одредени професии имаме проблеми со нивно запишување на факултети. Измените на Законот за игри на среќа се добар поттик за стипендирање на дефицитарни кадри“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека со овој фонд парите што ќе се влечат од игрите на среќа ќе стипендираат одреден број на студенти во сектори каде што има дефицит.

„Имаме идентификувано осум такви струки. Студентите со овие стипендии од прва година ќе имаат можност да знаат во која институција ќе работат и практичната настава ќе ја изведуваат таму“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Целото интервју на Соња Танеска погледнете го во продолжение: 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот