Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Косовец прегазил сообраќаец кој обезбедувал место на несреќа

Косовец со автомобил удрил во полицаец кој вршел обезбедување на место на сообраќајна несреќа во Мала Речица.

Според информациите на МВР, вчера во 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат село Пирок-Тетово, во село Мала Речица, возило марка „бмв“ со косовски национални ознаки, управувано од А.С.(22) од Косово, удрило во полицискиот службеник С.А.(26)
од село Шипковица, тетовско, кој вршел обезбедување на место на сообраќајна незгода.

Притоа, со повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Клиничка болница Тетово.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот