
Кошаркарскиот суперкуп „Драган Василов-Цевка“ ќе се игра на 28 септември во „Кале“
Веќе традиционално, и по петти пат, сезоната во македонската клупска кошарка ќе биде отворена со натпреварите од Суперкупот на Македонија.
Препорачано
На 28 септември, во СРЦ „Кале“во Скопје, таа чест ќе ја имаат четирите најдобри клубови (во двете конкуренции) од ланската натпреварувачка сезона.
Програмата во СРЦ „Кале“ ќе започне во 17:00 часот со натпревар во женска конкуренција, каде ќе се сретнат шампионот Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица и екипата на Вардар, која ќе има задача да го одбрани трофејот од Купот на Македонија.
По нивниот натпревар, во 19:30 часот, ќе следи главниот натпревар, кој исто така ќе биде пренесуван директно на МРТ. Во битка за трофејот ќе се сретнат МЗТ Скопје Аеродром, кој ги брани пехарите од минатата сезона, и гевгелиски Кожув, тимот кој минатата сезона стигна до финалето од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.
Преземено од: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
36сек
-
18мин
-
24мин
-
29мин
-
29мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5