КК Пелистер се надева дека во иднина вакви инциденти нема да се случуваат/ фото: КФСМ

Кошаркарите на Пелистер остануваат перфектни во Првата лига

Лидерот на табелата во кошаркарската прва лига, Пелисер со убедливи 96.68 го совлада вториот тим на „металците“, МЗТ Скопје УНИ Банка и го задржа максималниот ефект по седмото коло.

Пелистерци дилемите околу победникот ги решија во првото полувреме кои го добија со 51:39, а во третиот дел предноста да се зголеми и на плус 30 поени (85:55).
Никола Малешевиќ со 17 и Дејвид Хотон со 15 поени беа најдобри кај Пелистер каде се истакнаа уште и Младеновски и Стајиќ кои дадоа по 14 поени.
Во редовите на МЗТ Скопје најдобар беше Кахим Рансом со 16 постигнати поени.

Фаворитската улога ја оправда и МЗТ Скопје кој со убедливи 117:77 славеше на гостувањето кај Ангели.
„Металците“ ги добија сите четири четвртини и уште еднаш покажаа дека се наоѓаат во одлична форма откако изминатата недела остварија две победи во АБА2 лигара на турнирот кој се играше во Осијек.

Мекиќ со 19 и капитенот Стојановски со 17 поени беа најдобри кај „металците“  додека кај домашниот тим кој се уште ја чека првата победа најрапосложени за игра беа Мандерсон њо 25 и Васар со 20 постигнати поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот