
Коронавирусот ги сотре српските спортисти, заразен е и првиот човек на Црвена звезда
Одлуката на српските власти да овозможат присуство на публика на спортските натпревари и поголеми собири им се одбива од глава.
Генералниот директор на Црвена звезда, Звездан Терзиќ е позитивен на коронавирус. Тој е последен во серијата позитивни случаи на ковид-19 во Србија, поточно во српскиот спорт по одлуката на властите од северниот сосед да дозволат присуство на навивачи на трибините.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Претходно со коронавирусот се заразени дури пет фудбалери на Црвена звезда, судиите кои го судеа вечното белградско дерби, заразени се двајца кошаркари од кои едниот е НБА ѕвездата Никола Јокиќ, дури четворица одбојкари на српската репрезентација се позитивни на ковид-19, како и селекторот и уште еден ватерполо репрезентативец, но најпознат случај е тој на Новак Ѓоковиќ кој откри дека тој и неговата сопруга исто така се позитивни на коронавирус.
– Позитивен сум на ковид-19. Тоа е резултатот кој денеска до добив по вчерашното тестирање. Во саботата пред прославата на титулата се тестирав и резултатот беше негативен, меѓутоа во последните два дена имав зголемена температура и вчера повторно направив тест кој излезе дека јас сум позитивен на коронавирус – изјави Терзиќ за српските медиуми.