Короната му направи големи проблеми на Манчестер јунајтед/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Корона хаос во Јунајтед, одложен натпреварот со Брентфорд

Натпреварот од 17. коло од Премиер лигата помеѓу Манчестер јунајтед и Бретфорд е одложен поради големиот број на позитивни на коронавирус кај „црвените ѓаволи“. Натпреварот требаше да се игра вечерва од 20.30 часот, а новиот термин ќе биде дополнително одреден.

Во неделата беше откриено дека бројот на позитивни во тимот на Јунајтед е голем, иако не се открива точниот број. Но, вчера управата на тимот одлучи да го затвори тренинг центарот на 24 часа и сите заболени се наоѓаат во изолација.

„Манчестер јунајтед жали поради непројатностите кои им ги создаде на Брентфорд и на навивачите на двата клуба“, соопшти управата на Јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот