Андреј Бабиш - Фото: Фејсбук

Контроверзниот „чешки Трамп“ води на изборите

Партијата АНО на популистичкиот милијардер Андреј Бабиш води на чешките парламентарни избори со 39,7 проценти од гласовите, според прелиминарните резултати.

Анкетите покажауваа дека поранешниот премиер е на добар пат да ја победи прозападната коалиција предводена од сегашниот премиер Петр Фиала. Бабиш и Орбан беа меѓу основачите на новиот сојуз во Европскиот парламент минатата година, Патриоти за Европа. Тоа значеше отстапување од либералната група на која Бабиш претходно ѝ припаѓаше.

Бабиш се залага за отфрлање на политиките на Европската унија за миграцијата и климатските промени и ја поддржува заштитата на националниот суверенитет. Тој негираше дека го дели прорускиот став на многу членови на Патриоти за Европа, но ја доведе во прашање чешката иницијатива што ги користи долгогодишните глобални контакти на земјата за набавка на артилериски гранати за Украина на пазари надвор од ЕУ.

Тој, исто така, одби целосно да ја поддржи посветеноста на НАТО за значително зголемување на трошоците за одбрана.

Бабиш е контроверзна личност откако се приклучи на чешката национална политика во 2013 година. Како член на Комунистичката партија пред антикомунистичката „Кадифена револуција“ во поранешна Чехословачка во 1989 година, тој е споредуван со американскиот претседател Доналд Трамп и се соочува со обвиненија за измама во случај поврзан со субвенции од ЕУ.

„Чешкиот Трамп“ води на предизборните анкети, ЕУ и Русија со нетрпение ги чекаат резултатите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот