ЕУФОР / Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Континуирано засилување на присуство на ЕУФОР во БиХ: Чешките трупи слетаа во Сараево

Силите на чешкиот контингент од резервните сили на ЕУФОР денеска почнаа да се распоредуваат во Босна и Херцеговина како дел од операцијата Алтеа. Нивното доаѓање претставува континуирано засилување на трупите на ЕУФОР во услови на ескалација на политичката криза во земјата.

Транспортен авион на чешките воздухопловни сили, слета денеска во Сараево, овозможувајќи продолжување на воздушниот префрлување на резервните сили на ЕУФОР. Во наредните денови, придружниѝ11от контингент и воената опрема ќе бидат интегрирани во активностите на мултинационалниот баталјон ЕУФОР, со што ќе се зајакнат постоечките сили распоредени во БиХ.

ЕУФОР во БиХ – Извор ЕПА

Вчера во Сараево пристигна првиот контингент резервни сили, кога војниците од Романија беа пречекани на аеродромот од претставници на ЕУФОР, предводени од заменик-командантот, бригадниот генерал Лоренцо Дал Маса. Набргу потоа, во базата Бутмир слетаа и италијански резервни хеликоптери, што дополнително ги зајакна оперативните способности на ЕУФОР.

Според соопштението од Штабот на силите на Европската унија, доаѓањето на резервните сили на ЕУФОР во БиХ ќе продолжи и во наредните денови, вклучително и копнени рути преку граничните премини Свилај и Бијача, како и дополнителен воздушен транспорт до аеродромот во Сараево. Севкупно, доколку е потребно, ЕУФОР може да распореди до 3.500 војници од резервните сили на земјите што учествуваат во операцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот