Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Конституирањето на косовското Собрание не е можно без избор на српски потпретседател

Конститутивната седница на косовското Собрание не е завршена бидејќи не е избран потпретседател од српската заедница, соопшти Уставниот суд во Приштина, наложувајќи избор во рок од 12 дена, пренесува Данас.

Уставниот суд во Приштина одлучи дека мора да се изберат сите петмина потпретседатели на Собранието, вклучувајќи и претставник на српската заедница.

Во образложението за одлуката, судот се повикува на одредбите од членовите 1 и 4 од Уставот, кои предвидуваат дека двајца потпретседатели од заедниците што не се мнозинство се избираат истовремено, во рамките на едно гласање.

На пратениците им беше наредено да „ги извршуваат своите функции во согласност со Уставот на Косово“ и да изберат заменик-претседател на собранието од српската заедница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот