Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Конечно стигна во Кривичен обвинението за пожарот во „Пулс“ – Врховен проценил дека ќе ја „сензибилизира јавноста“

Обвинителниот акт за трагичниот пожар во Кочанската болница по повеќе од половина месец патување низ судовите низ Македонија, денеска стигна на конечната дестинација, во скопскиот Кривичен суд каде ќе се суди еден од најголемите предмети за една најголемите трагедии во Македонија, за којшто се интересира цела јавност.

Откако од кочанскиот суд беше препратен во штипска Апелација, па во Врховен па пота се врат пак во второстепениот суд во Штип, па во Кочани за денеска да стигне во Кривичен, скопскиот суд соопшти дека денеска е доставен предметот до нив, но и решението на Врховниот суд, според кое за стварно и месно надлежен за постапување во оцена на обвинителниот акт се определува Кривичниот суд.

– Согласно решението на највисокиот суд, кој постапувал по предлог на Апелациониот суд Штип, за определување на стварна и месна надлежност за постапување по предметот, Врховниот суд анализирајќи го кадровскиот и техничкиот потенцијал на Основните судови во Штип и Струмица, како судови со проширена надлежност на територија на Апелационо подрачје Штип, утврдил дека во наведените судови нема доволен број на судии од кривична област за кои нема законски пречки да постапуваат по конкретниот предмет. Имајќи ја предвид обемноста и сложеноста на предметот, бројот на обвинети и бројот на оштетени, обемниот доказен материјал и јавниот интерес за истиот, Врховниот суд, ценел дека по конкретниот предмет треба да постапуваат судии од кривична област кои со стекнатото искуство и познавање на кривичната материја ќе овозможат гаранција за ефикасност, стручност, Законито постапување, а преку постапката ќе придонесат и за „сензибилизирање на јавноста“, како што е наведено во решението – соопшти Кривичен кој цитираше дел од решението на Врховниот суд.

Најголемиот кривичен суд е надлежен за постапката, па обвинителниот акт, согласно АКМИС – системот ќе биде распределен Совет за оцена на обвинение кој ќе го достави актот до обвинетите по што започнува законскиот рок за приговор.

– По исполнување на предвидените услови за постапување, советот ќе закаже седница за оцена за исходот странките и јавноста, ќе биде навремено известени – се додава во соопштението.

Мицкоски: Нема да ја коментирам истрагата за трагедијата во Кочани за да не влијаам на постапката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот