Концертот ќе биде пренесуван во живо на фреквенцијата 100,8 MHz, како и онлајн преку веб-страницата jazzfm.mk

Концерт на студентите од ФМУ во соработка со „Џез ФМ“ ќе се одржи во „Кафе Литература“ во „Дајмонд мол“

Студентите од поп и џез-катедрата при Факултетот за музичка уметност – Скопје ќе одржат концерт на 29 мај, со почеток во 21:30 часот, во „Кафе Литература“ во „Дајмонд мол“.

Настанот е резултат на новата соработка меѓу радиото „Џез ФМ“ и ФМУ – Скопје, чија цел е да се обезбеди простор за младите музичари и нивните ментори да го презентираат и промовираат својот труд и креативност, во согласност со афинитетите и современите насоки на младата џез-сцена во Македонија.

Концертот ќе биде пренесуван во живо на фреквенцијата 100,8 MHz, како и онлајн преку веб-страницата jazzfm.mk.

Овој концерт го означува почетокот на една плодна соработка, преку која студентите и професорите од ФМУ Скопје ќе добијат простор во етерот на „Џез ФМ“ радио за презентација на своите проекти, концерти и идеи.

Преку вакви иницијативи, „Џез ФМ“ и ФМУ – Скопје прават чекор кон поддршка на младите уметници и развојот на локалната џез-сцена, со надеж дека ќе се отвори поголем простор за нивна афирмација, соработка и творештво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот