Конан О’Брајан / Фото: A.M.P.A.S. / PictureLux / Profimedia

Конан О’Брајан ќе биде домаќин на Оскарите и во 2026 година: „Сакам да го слушнам Адријан Броди како го завршува својот говор“

По воодушевувачкиот прием на овогодинaшното доделување на Оскарите, водителот Конан О’Брајан ќе се врати како домаќин на церемонијата во 2026 година, соопштија Академијата за филмски уметности и науки и „Еј-би-си“, пренесува „Вараети“.

Најавата доаѓа од Бил Крамер, извршниот директор на Академијата и Џенет Јанг, претседателката на Академијата, кои исто така го потврдија враќањето на продуцентскиот тим – Раџ Капур и Кејти Мулан, добитници на Еми, кои ќе бидат домаќини на шоуто трета година по ред.

Користејќи го својот препознатлив хумор, О’Брајан се пошегува во изјавата: „Единствената причина зошто ќе бидам домаќин на Оскарите следната година е затоа што сакам да го слушнам Адријан Броди како го завршува својот говор“.

Патем, говорот на Броди за наградата за најдобар актер во филмот „Бруталистот“ беше најдолгиот во историјата на церемонијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот