Класичната верзија на играта „Уно“ / Фото: Pexels/Arturo Añez

Компанијата „Мател“ ќе плаќа по 277 долари на час за играње „Уно“

Компанијата за играчки „Мател“ сака да вработи личност која ќе го промовира новото издание на нивната друштвена игра „Уно“ – „Уно кватро“.

Избраниот кандидат ќе биде плаќан по 4.444 долари неделно, а тој ќе има задача да ја игра играта „Уно кватро“ со странци на улиците на Њујорк, во период од четири недели. Потоа ќе мора да создава соодветна содржина, која ќе ја објавува на социјалните медиуми.

„Уно кватро“ е нова верзија на играта „Уно“, во која се комбинира поврзување четири карти во низа, како во играта „Конект 4“, со класичните „Уно“ правила за спојување броеви и бои.

„Се радуваме што можеме да понудиме работна позиција на врвен ‘Уно’ играч, со што ќе ја претставиме нашата целосно нова игра – ‘Уно кватро’“, изјави Реј Адлер, директор на одделот за друштвени игри во „Мател“.

Фото: Pexels/Yan Krukau

Почнувајќи од 13 септември, главниот „Уно“ играч ќе ги научи заинтересираните како да ја играат играта.

Може да се пријави секој американски државјанин на возраст над 18 години, но само ако може да ги издржи работните услови: да седи подолго време и да носи шатор од 22 килограми низ улиците на Њујорк, во кој ќе игра „Уно кватро“.

Оваа акција на „Мател“ е дел од растечкиот маркетинг тренд, каде компаниите прават различни стратегии на социјалните медиуми, со цел да ги наведат луѓето да објавуваат за нивниот нов производ, напоменува Тим Калкинс, професор по маркетинг на Универзитетот Нортвестерн.

Но, потребно е многу повеќе од објави на социјалните медуми, за компаниите да го доживеат посакуваниот резултат.

„За мал бренд, како што е ‘Уно’, невозможно е да се постигне успех само со огласување. Наместо тоа, треба да им се даде нешто интересно за дискусија на обожавателите, со цел да им се привлече вниманието“, смета д-р Калкинс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот