Колумбиски претседател Густаво Петро EPA-EFE/Natalia Pedraza

Колумбискиот претседател смета дека Русија не е единствено виновна за војната

Колумбискиот претседател Густаво Петро за време на неговата официјална посета на Шпанија повика на почеток на безусловни мировни преговори меѓу Русија и Украина.

– Ставот на Латинска Америка е дека треба да има мировен договор бидејќи страдаме од зголемување на гладта поради порастот на цените на храната, рече Петро во интервју за шпанскиот весник Ел Паис.

– Не е во наш интерес оваа војна да продолжи, рече левичарскиот политичар, не признавајќи дека Русија ја нападна Украина пред повеќе од 14 месеци.

Петро, на прес-конференција со шпанскиот премиер Педро Санчез во четвртокот, додаде дека војната против дрогата во Латинска Америка убила повеќе луѓе низ годините отколку војните во Украина, Сирија или Ирак.

Слични барања изнесе и бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва. И Петро и Лула не го прифатија тврдењето дека за војната е виновна само на Русија како освојувач.

– Тој дискурс не ни изгледа фер … Истите (земјите) кои ја отфрлаат оваа инвазија, исто така извршија инвазии … И не мислам само на инвазиите на Блискиот Исток, туку на оние што ги претрпе Латинска Америка, рече Петро.

Петро, во говорот во Долниот дом на шпанскиот парламент во Мадрид во средата, исто така ги критикуваше оние што ги негираат климатските промени и се залагаше за обновлива и чиста енергија.

– Ние имаме мисија, а тоа е да го спасиме човештвото, рече тој. „Или се менуваме или ќе умреме“.

Говорот на Петро беше бојкотиран од десничарската популистичка партија Вокс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот