
ВИДЕО | Колони возила бегаат од Киев кон Полска, на повидок ли е бегалски бран кон Европа?
Откако Русија ноќеска ја почна својата воена инвазија на Украина, редици автомобили почнаа да го напуштаат главниот град Киев, упатувајќи се на запад во обид да најдат засолниште и прибежиште во деловите од земјата поблиску до Полска и НАТО трупите.
Препорачано
Како што пишува Њујорк Тајмс, дел од колоните автомобили пак, се упатиле во спротивен правец, кон Киев.
Cars heading out of Kyiv. possibly heading towards Polish border. pic.twitter.com/jFdiljm5jg
— Hufsa Kamal (@hufkat) February 24, 2022
Во северозападниот град Лавов сите, освен двајца гости, се одјавиле од хотелот Цитадела Ин, кој порано во 19 век претставувал воена тврдина. Повеќето од овие гости се упатиле кон Киев.
Се плашат за своите семејства и пријатели, вели Денис Дерчачев, сопственик на хотелот.
На выезде из Киева многокилометровые пробки, люди уезжают из города, передает корреспондент The Insider. pic.twitter.com/hhRk4y4Kvj
— The Insider (@the_ins_ru) February 24, 2022
Лидерите на земјите членки на ЕУ ќе одржат итен состанок вечерва на кој ќе ја дискутираат кризата и следните рестриктивни мерки кои ќе имаат сериозни последици за Русија.
Европската Комисија ги финализира следните пакети санкции кои треба да ги усвојат лидерите. Оттаму ја повикуваат Русија да ги повлече своите трупи и целосно да го почитува украинскиот територијален интегритет суверенитет и независност.
Премиерот на Италија Марио Драги го осуди нападот кон Украина како неправеден и неоправдан. Италија стои зад луѓето од Украина и институциите во овие драматични моменти. Работиме со НАТО и европските сојузници за да одговориме веднаш со единство и одлучност, рече тој.
Реакции на светски лидери за руската воена операција врз Украина