фото: Милан Радоичиќ - n1

Колкаво е влијанието на Милан Радоичиќ во регионот?

Сепак, деновиве името на Радоичиќ можеше да се слушне и во Северна Македонија, каде што албанскиот политичар на владејачката партија Влен и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека станала симбол и гарант за влез на српски банки, компании и криминални интереси во областите каде што живеат Албанци.

Освен во Србија и Косово, името на Милан Радоичиќ деновиве се слушна и во Македонија, каде што албанскиот политичар Изет Меџити ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) за соработка со Радоичиќ, пишува српски Данас. Соговорниците за овој српски протал рекле дека не е тешко да се најде врска помеѓу Радоичиќ и претставници на партиите на албанските Македонци, но и помеѓу пријателите на Радоичиќ и претставниците на властите во Република Српска.

Иако Милан Радоичиќ моментално е во Србија, како што се посочува во текстот, неговото име сè уште често се слуша во косовската јавност, најчесто од приштинските власти кои не се двоумат да обвинат добар дел од српските партии, а секако и Српска листа, за соработка со Радоичиќ.

Сепак, деновиве името на Радоичиќ можеше да се слушне и во Северна Македонија, каде што албанскиот политичар на владејачката партија Влен и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека станала симбол и гарант за влез на српски банки, компании и криминални интереси во областите каде што живеат Албанци.

„Не, ние не сме предавници – ние не го поддржуваме „Отворен Балкан“, не го признаваме Дак Давидовиќ, не продадовме акции во српска банка, не донесовме српско-руски казина меѓу Албанците, не ги легализиравме брзите кредити на Милан Радоичиќ“, рече Меџити, алудирајќи дека ДУИ стои зад тие процеси што ја загрозуваат иднината на Албанците во Северна Македонија.

Овие изјави, според „Данас“ покажуваат дека влијанието на Радоичиќ најверојатно се протега надвор од Србија и територијата на Косово, каде што неговото влијание сигурно било најголемо.

Претседателката на Европското движење на Србите од Република Косово, Рада Трајковиќ, истакнува за „Данас“ дека Радоичиќ е на црната листа на Америка, и додава дека официјално активноста на Радоичиќ во други земји треба да биде невозможна.

Трајковиќ: Може да се претпостави дека врската на Радоичиќ со ДУИ е преку Харадинај

„Навистина не знам кој систем би го прифатил кога американската администрација го држи на црната листа, освен ако не е преку Косово и добрите врски што ги има со албанските лидери“, вели Трајковиќ.

Таа истакнува дека постојат две многу релевантни можности – едната поддржана од властите во Белград со Македонците, а другата, за која смета дека е поверојатна, се добрите односи на Радоичиќ со албанските лидери од Косово, на кои, додава таа, тој секогаш им помагал.

Трајковиќ потсетува дека Радоичиќ и поранешниот лидер на ОВК и поранешен премиер на Косово, Рамуш Харадинај, биле многу блиски.

„Тие се од истиот дел на Косово и затоа биле многу интересно блиски. Навистина не знам колку долго траат тие врски сега, но обично тие врски се последни што се раскинуваат“, вели таа.

Трајковиќ истакнува дека ДУИ, чиј лидер Али Ахмети, исто така поранешен лидер на ОВК, отсекогаш бил близок со Харадинај.

„Токму од овие блискости можам да претпоставам поврзаност на Радоичиќ, преку Харадинај, со ДУИ. Тоа е нивната поврзаност и сите оние што ги следат во „несистемските институции“, вели Трајковиќ.

Таа заклучува дека најверојатно спорните гаранции за кредити, доколку ги имало, му биле дадени на Радоичиќ преку тие врски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот