
Која е земјата што забрани сè што е поврзано со криптовалутите?
Алжир неодамна донесе закон со кој се забрануваат сите активности поврзани со криптовалутите, од употреба докопање, објавува BFM TV. Додека поголемиот дел од светот се движи кон зголемување на прифаќањето на криптовалутите, некои земји сè уште остануваат многу скептични кон оваа класа на средства.
Препорачано
Алжир неодамна донесе закон со кој се забрануваат сите проекти поврзани со криптовалутите. Алжирските граѓани се соочуваат со затворска казна до една година, како и парична казна од 200.000 до 1.000.000 динари (од 1.330 до 6.600 евра) ако го прекршат законот.
Со ова, законот целосно се применува на целиот крипто екосистем и дополнително го заострува законот од 2018 година, кој забранува купување, продажба, употреба и поседување виртуелни валути, но без попрецизни дефиниции.
Одлуката на Алжир е спротивна на трендот на попозитивен пристап од страна на земјите кон криптовалутите, особено по доаѓањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.
Некои земји кои претходно ги забрануваа криптовалутите, како што се Пакистан и Виетнам, сега се отвораат за оваа класа средства. Тие моментално работат на воспоставување соодветни регулативи. И покрај децентрализираната природа на криптовалутите, особено биткоинот од неговото основање во 2009 година, некои земји сè уште го казнуваат нивното поседување. Меѓу нив се Египет, Боливија, Авганистан, Бангладеш и Ирак, според Coin dance.
Други земји, како што се Кина, Мароко и Непал, ја ограничуваат употребата на криптовалути, но не донеле законска целосна забрана за нивна употреба или рударење.