
Која е вашата омилена? Според научниците ова се 10-те најдобри песни за караоке
Постои една класична рок-химна која, според научниците, а не музичките критичари, е апсолутен победник на секоја караоке вечер.
Препорачано
Станува збор за песната „Livin’ On a Prayer“ од „Бон Џови“, која го освои првото место на новата листа на најдобри караоке песни на сите времиња, пренесува „Дејли мејл“.
Математичка формула за хит
Листата ја состави професорка од Универзитетот во Оксфорд, Том Крофорд, доктор по филозофија, користејќи посебна математичка формула. Таа го зеде предвид темпото на песната, бројот на строфи, фреквенцијата на рефренот, па дури и годината кога е објавена песната.
„Моето истражување покажа тенденција кон побрзо темпо, со просек од 126 отчукувања во минута, како и сооднос од три рефрени на секои две строфи. Се совпаѓа со стандардната структура на повеќето поп-песни, правејќи вашите омилени хитови да постигнуваат висок резултат!“, објаснил д-р Крофорд.
Песната „Livin’ On a Prayer“ го освои првото место со 91 поен од можни 100, а по неа следуваше Витни Хјустон со песната „I Wanna Dance with Somebody“ (90 поени). На третото место е легендарната „Don’t Look Back in Anger“ од Oasis (89 поени).
Пеењето како терапија
Д-р Крафорд ја разви својата формула врз основа на анкета спроведена меѓу 2.000 фанови на караоке. Истражувањето го нарачаа мобилниот оператор „Три“ и добротворната организација за спречување на самоубиства „Самартијанс“.
Резултатите покажаа дека:
– 90% од луѓето се чувствуваат посреќно по пеењето
– 81% доживуваат емоционално подобрување
– 70% веруваат дека пеењето е терапевтско
Годината на најголемите караоке хитови
Анкетата, исто така, ја откри најплодната година за караоке хитови.
„Просечната година кога е објавен караоке класик е 1995 година. Тоа ги опфаќа ерата на машките бендови, британскиот поп со ‘Оејзис’ и ерата на ‘женската моќ’ со ‘Спајс грлс’, докажувајќи дека зад добрата караоке песна стои сериозна математика“, истакнал д-р Крофорд.
Ова е листата со топ 10 караоке песни на сите времиња
– „Livin’ On a Prayer„ – „Бон Џови“
– „I Wanna Dance with Somebody“ – Витни Хјустон
– „Don’t Look Back in Anger“ – „Оејзис“
– „Man! I Feel Like a Woman“ – Шанаја Твејн
– „I’m Gonna Be (500 Miles)“ – „Проклејмерс“
– „Gime! Gime! Gime! (A Man After Midnight)“ – „АББА“
– „Unwritten“ – Наташа Бедингфил
– „Someone Like You“ – Адел
– „Wannabe“ – „Спајс грлс“
Let Me Love You – Mario