Фото: Vulcanknight on DeviantArt

Која е најздравата риба? Овој изненадувачки избор број 1 го победи лососот!

Рибата е нискокалорична, високопротеинска храна преполна со хранливи материи, но многу луѓе не ја јадат доволно.

Се препорачува да се консумираат две порции риба или морски плодови неделно, а постојат бројни опции кои можат да ни помогнат да ја постигнеме оваа цел.

За најздрави риби, врз основа на достапноста и хранливоста, се сметаат сардините. Конзервираните сардини се полни со омега-3 масни киселини кои помагаат во намалување на воспаленијата и се поврзуваат со намален ризик од депресија, срцеви болести и мозочен удар.

Фото: Alexego01 / GoodFon

Конзервираните сардини се исто така преполни со калциум – една порција има приближно минерали колку една чаша млеко. Тие се исто така значаен извор на витамин Д, кој помага во апсорпцијата на калциумот.

Поради сето ова, сардините го надминаа лососот, пишува „Тудеј“.

Студија од 2021 година објавена во списанието „Клиникал нутришн“ открила дека луѓето со предијабетес – кои се изложени на висок ризик од развој на дијабетес тип 2 – доживеале намалување на маркерите што укажуваат на помал ризик од дијабетес тип 2 и срцеви заболувања кога двапати неделно вклучиле сардини во нивната исхрана, во споредба со оние кои биле на диета за превенција од дијабетес тип 2 која не вклучувала сардини.

На списокот здрави видови риби се наоѓаат и лососот, пастрмката, туната, бакаларот, бранцинот и инчуните, додека љубителите на морска плодови можат да избираат помеѓу школки, лигњи, ракчиња, шкампи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот