
Кој сѐ страдаше во крвавата војна на црногорските мафијашки кланови
Во Подгорица од 1991 до 2019 година се извршени 207 убиства, во Никшиќ 91, Будва 40, Беране 50, Котор 27, Херцег Нови 36…
На територијата на Црна Гора од 1991 до 2019 година се изборени 711 убиства, податоци кои црногорскиот медиум „Дан“ ги доби од Управата на полицијата. Во тој период, останати се 82 нерасветлени убиства, додека за останатите полицијата тврди дека ги решила, односно расветлила. Во доста од овие случаи извршителите се познати, но недостапни за истражните органи.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Од почетокот на оваа година, која не е опфатена во овој извештај, се случија уште осум убиства. А во последните пет години, во пресметките на мафијашките кланови се убиени 46 лица.
На подрачјето на Подгорица од 1991 до крајот на 2019 година се извршени 207 убиства, од кои 20 се нерасветлени. Во Даниловград се извршени 12 убиства и сите се расветлени, во Колашин шест, во Цетиње имало 28 ликвидации, од кои две се несрасветлени. По бројот на убиства, подгорица ја следи Никшиќ каде имало 91 убиство, од кои шест се нерасветлени.
Крвавата војна на кавачкиот и шкаљарскиот клан – 46 жртви
Особено ќе бидат запомнети убиствата извршени во крвавата војна меѓу завојуваните кланови – кавачкиот и шкаљарскиот, кои започнаа во 2015 година, а продолжени се и во 2020.
Првата жртва во војната на беше Горан Радоман (37) од Цетиње, кој е убиен на 15 февруари 2015 година во подземна гаража во Белград. Убиецот тогаш истрелал 25 куршуми во неговото тело. Втората жртва таа година е Саша Марковиќ, кој беше случајна жртва во војната на клановите. Потоа од живот е лишен Иван Лопичиќ, кој е убиен во Котор, пред неговата зграда. Истата година е убиен и Горан Ѓуричковиќ во Будва пред неговиот паб. Тој, како што се постојат сомненија, погоден е од пловило од море, со најмалку три куршуми.
Потоа во 2016 година е убиен и Радован Ракеле Матовиќ, кој е ликвидиран во Херцег Нови. Срѓан Влаховиќ е убен истата година во Котор, а според неофицијалните информации, убиецот пукал кон Влаховиќ додека седел во автомобил од кој продавал цигар. Которчанецот Горан Бискуповиќ и неговиот пријател Милош Бошњак, случајна жртва, се убиен во 2016 година, кога напаѓач активирал експлозивна направа во нивна близина. Истата година со истрел од снајпер е убиен Далибор Ѓуриќ, како и Радомир Ѓуричковиќ. Во Будва, во војната на клановите, животот го загубија Ѓорѓе Борета и Драган Зечевиќ, кој е уште една случајна жртва на ликвидаторите.
Црниот биланс на клановите продолжува и во 2017 година. Ѓорѓе Секуловиќ се најде на мета на нарачатели на ликвидација таа година, а во заседа е убиен и Нико Рогановиќ. Уште една невина жртва на оваа сурова војна на которските кланови беше и Иван Недовиќ. Истата година со истрел во глава е ликвидиран и фудбалерот Горан Ленц. До крајот на 2017 органите добија и „нови задачи“ – убиствата на Милан Пековиќ, Бошко Божовиќ и Перo Дамјановиќ.
Со ликвидации е одбележана и 2018 година. Првата жртва на клановите таа година беше Даворин Блатиќ. Убен е во Белград додека седел во својот автомобил. Напаѓачите кон него истрелале повеќе куршуми кои го погодиле во главата и градите. Дражен Чаѓеновиќ страдаше во екплозија на 29 март 2018 година во Подгорица. Под неговото возило наводно е бил поставен пластичен експлозив. Цел на убијците беше и Милош Шаковиќ, а Радивоје Јовановиќ беше случајна жртва на таа ликвидација. Предраг Пејовиќ од Никшиќ им подлегна на повредите здобиени во експлозија на автомобил во неговиот роден град. Според тврдењата на полицијата, во војната на двата клана Миодраг Крушчиќ не успеал да ја избегне неговата смрт кога убиецот кон него истрелал повеќе куршуми додека седел на тераса на еден локал. Потоа, на нишанот на убијците се најдоа и Синиша Милиќ, Веселин Калезиќ, Драго Божовиќ и Владо Поповиќ. На крајот на 2018 година во Виена во војната на шкаљарците и кавчаните е ликвидиран и Владимир Рогановиќ.
И за време на 2019 година клановите нарачуваа убиства, како од освета, така и онаа поради своите „цели“. Убиен е Никола Чупиќ, а како што се верува од освета е ликвидиран и Веселин Вукотиќ, таткото на Јовица и Игор Вукотиќ. Се смета дека тоа убиство ја започнало спиралата на ново крваво „исплаќање на мафијашки долгови“. Крвавата војна е продолжена во Цетиње со убиството на Богдан Милиќ. Исто така во 2019 се ликвидирани и Дарко Мијовиќ и Никола Јовановиќ во Германија. Убиец во Подгорица истрелал 13 куршуми ви телото на Мило Илиќ. Во Бар на 1 ноември 2019 година е ликвидиран и Јован Клишиќ, а ранет е Велизар Градашевиќ.
Убиствата се извршувани со ножеви, задавување, секири…
Убиствата извршени за време на периодот кој е истражуван се направени со разни оружја. Најчесто се користени пиштоли, пушки, револвери…Некои од ликвидациите се извршење и со задавување, давење во полско веце, ладно оружје. Одредени убијци користеле чекани, како и физичка сила. Убиените се лишувани од живот и со секири, поливање со бензин и палење, а во 2004 година е забележан случај и со усмртување со пепелник. Исто така користени се и чаши, флаши, камења, експлозиви, дрвени прачки, струја…Меѓу статистиката се најде и убиство на дете на породување со давање во 1994 година.
На почетокот на годината десет мртви
Во јануари 2020 година, во Атина, се убиени Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ. Според податоците од таа истрага, убиствата се карактеризирани како продолжување на војната на клановите. Во Белград е убиен и Марко Вуковиќ од Котор. Потоа, како освета во војната на клановите е убиен и Шќепан Рогановиќ. Во Подгорица пак, во ескплозија на возило страдаше Ѓорѓе Божовиќ. Како што се соопштува од истрагата, есплозивот се наоѓал во неговото возило. Тешко е повреден и Александар Кековиќ, кој исто така се наоѓал во возилото.
Убиени водачите на црногорскиот шкаљарски клан во Атина (ВИДЕО)