
Кој е навистина Џеф Безос – еден од најбогатите луѓе во светот?
Џеф Безос е еден од најбогатите луѓе на планетата денес, но на самиот почеток од неговата кариера, основачот на „Амазон“ не бил секогаш сфатен сериозно. Стар клип од интервјуто од 1996 година неодамна повторно стана вирален, предизвикувајќи лавина коментари на социјалните медиуми за неговата неверојатна трансформација
Во клип стар речиси три децении, Безос ентузијастички зборуваше за огромниот потенцијал на онлајн купувањето во The Computer Chronicles- пренесе Каматица. Тој ја објасни визијата на „Амазон“, нагласувајќи го обемот на понудата:
Препорачано
– Ако нашиот каталог беше на хартија, ќе беше со големина на седум телефонски именици во Њујорк – ветувајќи дека онлајн купувањето може да биде „исто толку забавно и привлечно како добра книжарница во физички продавници“.
Сличен пример за недоразбирање се случи во 1999 година во интервју со Џеј Лена, кога публиката му се смее откако призна дека „Амазон“ не остварува профит. Безос потоа одговори:
– Ние сме добро позната непрофитна компанија и инвестираме во иднината, што не е невообичаено- рече тој.
За споредба, „Амазон“ денес остварува годишна бруто добивка што се мери во стотици милијарди долари. Сепак, она што најмногу го привлече вниманието на корисниците на социјалните медиуми не беше деловната визија на Безос, туку неговата драстична промена на изгледот низ годините. Многумина коментираа дека во видеото од 1996 година, тој изгледа многу поприземјен и пристапен.
– Џеф изгледаше поприземјен во раните денови на Амазон, за разлика од неговата ќелава и манично насмеана личност многу години подоцна – гласеше еден од коментарите.
Шеесет и едногодишниот Безос денес живее луксузен живот. Неодамна се ожени со Лорен Санчез, а нивната свадба во Италија наводно чинеше 56 милиони долари и собра бројни светски ѕвезди.