Фото: Scherl / SZ-Photo / Profimedia

Кои луѓе е најдобро да ги избегнувате? 10 мудри цитати од Фридрих Ниче кои ќе ви го изострат погледот на светот

Фридрих Вилхелм Ниче, бил многу влијателен германски филозоф, критичар, поет, филолог и есеист чии мудри мисли и цитати денес се драгоцени. Тој бил еден од најжестоките критичари на западната култура.

Пишувал за религијата, моралот, доброто и злото, културата, филозофијата и науката. Бил најпровокативниот мислител на 19 век. Некои од неговите најпознати дела се: „Надвор од доброто и злото“, „Така зборуваше Заратустра“, „За употребата и штетата на историјата за животот“, „Човечки, премногу човечки“.

Секој човек во својата околина секако ги има оние луѓе со кои никогаш не знае на што е, дали да се радува или да тагува, а најчести се завидливите луѓе.

Често по советот на завидлив човек, чувствувате уште поголема тага. За него секогаш сè е лошо. Секој човек го дава она што е во него.

Личноста која знае да почитува со љубезност ќе ви ја посочи грешката и ќе ве замоли да ја поправите, додека завидливата личност ќе ги понижи вашите лични квалитети за да ја нагласи вашата безвредност. Филозофскиот роман на Ниче „Така зборуваше Заратустра“ има добар цитат на оваа тема:

„Завидливите луѓе често го оценуваат она што не можат да го направат и ги критикуваат оние чие ниво никогаш не можат да го достигнат“.

Проверете уште 10 од најинтересните изреки на еден од најголемите филозофи.

  1. Она што не нè убива, нè прави посилни.
  2. Оној што има за што да живее, може сè да издржи.
  3. Вистинската љубов мисли за моментот и вечноста, но никогаш за траењето.
  4. Уметноста без љубов не е ништо.
  5. Најтивките зборови носат бура. Мислите кои доаѓаат со тивок чекор, владеат со светот.
  6. Нашите маани се нашиот најдобар учител.
  7. Во омразата има страв.
  8. Не им верувајте на оние кои многу зборуваат за нивната праведност.
  9. Секој поседува исто толку суета колку што му недостига разум.
  10. Ако човек секој ден стои на работ на пропаста и гледа во неа, еден ден пропаста ќе погледне во него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот