Кои авиокомпании се најточни и најбезбедни во светот?

Руски „Aeroflot“ е гобален превозник кој најмалку доцни, пренесува британски „Дејли мејл“. 

Аеродромот „Александар Пушкин“ Москва-Шереметјево е прогласен за најточен меѓународен аеродром во светот, додека руски „Aeroflot“ е гобален превозник кој најмалку доцни, пренесува британски „Дејли мејл“.

Извештајот „On-Time Performance Review“ кој секоја година го прави аналитичката фирма „Cirium“, во кој се вели дека „Aeroflot“ беше подобар во 2019 година од второрангираната „All Nippon Airways“ од Јапонија, а додека трето рангирана е американската „Delta Air Lines“.

„Cirium“ следи над 100.000 пристигнувања и поаѓања и верува дека авионот е точен ако пристигне на портата во рок од 15 минути од закажаното време на летот.

Според овие податоци, авионите на „Aeroflot“ пристигнале навреме во 86,7 проценти од случаите, додека на Шереметјево точноста за полетувањата и слетувањата била во над 95 проценти од случаите.

Нискотарифните авиокомпании се рангираат одделно, а најточна била јапонската „StarFlier“, која исполнила 91,4 проценти од распоредот на летовите.

Порталот „AirlineRatings.com“ објави дека „Qantas“ минатата година, како и „Air New Zealand“ и „EVA Air“ се трите најбезбедни авиокомпании во светот.

Меѓу дваесетте најбезбедни компании се и превозниците како „Etihad“, „Qatar Airways“, „Singapore Airlines“, „Emirates“, „Alaska Airlines“, „Cathay Pacific Airways“, „Virgin Australia“ и „Havaiian Airlines“.

На порталот беа објавени и десетте најбезбедни нискобуџетни компании, како што се „Air Arabia“, „Flybe“, „Frontier“, „HK Express“, „IndiGo“, „JetBlue“, „Volaris“, „Vueling“, „VestJet“ и „Wizz“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот