Фото: Pxhere

Кога ви е празен фрижидерот: Како од едно јајце да направите омлет за четворица

Јајцата, поради својата хранлива вредност, се идеални за почеток на денот и најраспространетиот појадок во светот. Тие нè прават сити со часови и уживаме во различните начини на нивно подготвување. Но, понекогаш ни снемува од оваа основна намирница, а во тој момент немаме време да одиме до блискиот маркет.

Во тој случај, прескокнуваме јадење јајца и подготвуваме нешто друго за појадок. Што е добро, и повообичаено сценарио отколку ништо. Но и за овие работи имаме решение. Со трикот на искусните домаќинки ќе подготвите совршен омлет. Тие применуваат трик со кој од едно јајце можете да направите оброк за четворица.

Јајцето изматете го со виљушка, а потоа сипете малку млеко и додајте две лажици брашно. Сето тоа соединете го за да нема грутчиња. Потоа додајте две-три лажици вода, бидејќи омлетот не треба да биде густ и на крајот посолете.

Уште еднаш сè добро измешајте, загрејте ја тавата на средна температура и сипете масло во неа. За поинтензивен вкус, јајцето пржете го на путер. Смесата сипете ја во тавата и испржете ја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот