Кога крадат Србин и Босанец: Од „Гучи“ си присвоиле стока вредна околу 200 илјади евра (ВИДЕО)

Двајца Балканци, Србин (37) и Босанец (43), се уапсени и осудени пред судот во Варезе, Италија, на три години и четири месеци, односно на три години и два месеци казна затвор за грабеж на продавница на ексклузивниот бренд „Гучи“ минатата година, кога украле стока вредна околу 200 илјади евра.

За овој грабеж во продавницата на „Гучи“ пишуваа сите странски медиуми, а се случи минатата година на 11 ноември во градот Пјева дел Каиро.

Пред шест месеци, карабинери успеаја да уапсат еден Србин и еден Босанец, кои престојувале во Милано, за кои се сомневаат дека се водачи на бандата од четири лица кои ограбија бутик.

Видеото објавено од италијанските медиуми покажува како двајца мажи и уште двајца асистенти упаѓаат во излог, а потоа со големи торби ограбуваат и пустошат сè што ќе најдат.

Во торбите ставале сè што можеле: чанти, накит, парфеми и други брендирани предмети од позната продавница.

Благодарение на снимките од тие надзорни камери, Србинот и Босанецот биле пронајдени, а потоа уапсени од карабинерите.

Украдената стока е пронајдена во гаражата на еден од разбојниците, а полицијата истражува дали двајца Балканци учествувале во уште неколку грабежи во Италија.

Двајцата, пак, признаа дека биле учесници во грабежот, поради што нивните бранители побараа поблага казна. Главниот обвинител го отфрли барањето тие економски да ја надоместат штетата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот