Секс, љубов, пар
Фото: Tom Merton / Caia Image / Profimedia

Кога е најдобро време за секс? Овој половина час од денот гарантира незаборавно искуство

Иако многумина ќе речат дека никогаш не е лошо време за малку акција, науката има свое мислење.

И покрај тоа што сме читале многу за тоа дека утринскиот секс е најдобар, новото истражување вели дека идеалното време за секс е помеѓу 22:30 и 23:00 часот, времето кога телото е најподготвено да се опушти, а умот е наклонет да ужива.

Зошто тогаш? Па, пред сѐ, после цел ден нивото на стрес опаѓа, телото се опушта, а главата почнува да се празни од секојдневните грижи. Ова значи дека сме во вистинска состојба да се фокусираме на партнерот и интимноста. Во овој период, телото природно се подготвува за спиење, а сексот пред спиење може да биде многу исполнет и релаксирачки – нè релаксира, го стимулира лачењето на окситоцин, познат како „хормонот на љубовта“ и ослободува ендорфин кој носи чувство на среќа.

Дополнително, по 22:30 часот телото почнува да го смирува нервниот систем, кој е идеален за интимно поврзување и зближување. Додека лежите во кревет по напорниот ден, има совршен момент за нежност и страст, без притисок веднаш да станете и да продолжите со дневните обврски.

Сексот во ова време може да го подобри и сонот. Имено, хормонот пролактин, кој се ослободува по оргазмот, му помага на телото да влезе во подлабоки фази на спиење, па можете да очекувате мирен и квалитетен одмор. Истражувањата покажаа дека паровите кои водат љубов пред спиење често спијат подобро и се чувствуваат поодморено наутро.

Исто така, тоа е одличен начин да го завршите денот, чувствувајќи се поврзано и задоволно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот