Љупчо Коцевски /Фото: Слободен Печат - Слободан Ѓуриќ

Коцевски: Во моментов нема да се води постапка против Панчо поради неговата здравствена состојба

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вчеравечер во интервју за ТВ „24“ рече дека поради тешката здравствена состојба на членот на групата ДНК, Владимир Блажев-Панчо во моментов нема да се води постапка против него.

„Има одредени лица коишто се во тешка здравствена состојба и со консултација со лекарите за нив во моментов е одлучено дека не се во состојба за нив да се води постапка ниту да дадат изјава, за жал“, рече државниот јавен обвинител.

Владимир Блажев-Панчо е осомничен за внесување и употреба на пиротехнички средства во кочанската дискотека „Пулс“ каде загинаа 62 млади луѓе, а околу 200 беа повредени.

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е завршена, од утре почнува увидот на одбраната во доказите

Се подобрува состојбата на Панчо, но тој останува осомничен за пиротехниката во „Пулс“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот