Кобра / Фото EPA-EFE/NARONG SANGNAK

Кобра се појавила под седиште на пилот за време на лет, неговата херојска реакција ја поздавија патниците

За јужноафриканскиот пилот Рудолф Еразмус, тоа било само уште еден обичен лет додека, на надморска височина од нешто повеќе од три километри на летот од Блумфонтејн до Преторија, не забележа „слеп“ патник во авионот – кобра како лази и се крие под неговото седиште.

„Искрено, на почетокот се чувствував како мојот мозок да не регистрира што се случува“, изјави тој за Би-Би-Си. „Почувствував како нешто студено се лизга по кошулата на мојот грб, мислејќи дека не го затворив правилно шишето со вода и дека можеби ми капе по грбот. Но, кога се свртев и погледнав надолу, видов кобра како ползи и исчезнува под седиштето“, раскажа тој.

Потоа решил принудно да го приземји приватниот авион „Вичкрафт Барон 58“ со четворица патници на најблискиот аеродром Велком.

Имал на ум дека каснувањето од жолта кобра може да биде фатално и може да убие човек за само 30 минути. Но, тој не сакал да предизвика паника меѓу патниците, па прво добро размислил пред со мирен глас да ги извести дека во кабината има и несакан патник.

„Многу се плашев дека змијата може да се вовлече во задниот дел од кабината и да предизвика паника. Но, на крајот решив да им кажам: Драги патници, во авионот има змија, таа е под моето седиште, па затоа ние ќе се обидеме да слетаме што е можно поскоро“, раскажа Еразмо.

Тој рече дека во еден момент можело да се слушне „како паѓа игла на подот“ додека сите патници се замрзнале од страв. Тој додаде дека пилотите се обучени за бројни непредвидени сценарија, но тоа не вклучува средба со отровна змија во пилотската кабина. Сепак, капетанот Еразмо реагирал брилијантно.

Присуството на змијата во авионот, иако многу шокантно за сите, не било сосема изненадувачки. Имено, двајца вработени во аеро-клубот Ворчестер, од каде што првпат полетал авионот, изјавиле дека претходно забележале рептил кој се крие под леталото и дека се обиделе да го фатат, но безуспешно.

Капетанот Еразмо, исто така, рекол дека се обидел да ја пронајде змијата пред да се качи во авионот, но бидејќи ја немало никаде, претпоставил дека таа извлекла во текот на ноќта или рано наутро.

Еразмо е поздравен како локален херој, а комесарот за цивилно воздухопловство на Јужна Африка Попи Коса ја пофали неговата „навистина одлична реакција која ги спаси сите патници во авионот“, објави „Њуз24“.

Но, скромниот пилот вели дека не се чувствува посебно за тоа што го направил: „Мислам дека пофалбите се малку претерани, бидејќи и моите патници останаа присебни и смирени“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!