Коалиција Вреди: Преку првиот човек на СВР Тетово, ДУИ врши притисок во Изборната единица 6

Фото: ВЛЕН

Коалицијата Вреди денеска на прес-конференција обвини дека ДУИ врши притисок во Изборната единица 6. Од Вреди презентираа фотографии од првиот човек на СВР Тетово, кој според нив, присуствува на партиски активности и врши притисок врз граѓаните и вработените во полицијата.

-Повеќе од еден месец Тетово се претвори во град во кој бандите се борат меѓу себе среде бел ден, каде што затворениците слободно се движат. Додека одредени полицајци секојдневно ги притискаат граѓаните од шестата ИЕ, дури и преку телефонски јавувања, да излезат на митинзи на ДУИ и да гласаат за ДУИ на претстојните избори. Сето ова се случува откако ДУИ на незаконски начин, го држи на функција шеф на Секторот за внатрешни работи, Шефик Бајрами, кој е познат како злобната и одмаздничка рака на ДУИ. Граѓаните во Тетово се потресени од криминалот и настаните што се случија во Тетово откако Шефик Бајрами незаконски беше именуван шеф на Секторот за внатрешни Работи, истакнаа од Вреди.

Тие прашуваат дали министерот за внатрешни работи побарал да биде разрешен началникот на СВР Тетово, но Владата незаконски го задржува на функција.

-Која е улогата на началникот на СВР Тетово назначен од страна на ДУИ?! Што очекува власта од овој началник?! Да обезбеди безбедност за време на изборниот процес или да контролира камионите на јавните претпријатија во Тетово и Гостивар?! Или да создаде паника и небезбедност кај граѓаните?! Додека ДУИ ќе ни даде одговори на овие прашања, ние ќе им ги образложиме точните задачи на овој началник на СВР Тетово, именуван од страна на ДУИ! Снимките и фотографиите од собирите на ДУИ на социјалните мрежи и медиумите докажуваат дека овој началник има задача да менаџира со полицајците и полициските инспектори, одредувајќи кој треба да отиде во кој штаб на ДУИ треба да оди, имајќи ги лично под контрола тие полицајци дури и на собирите на ДУИ!, додаваат од Вреди.

Од Коалицијата порачаа дека фотографиите ќе бидат испратени до сите амбасади и релевантни меѓународни институции за да имаат, како што велат, појасна слика за ситуацијата за време на изборната кампања.

-Но, уште еднаш испраќаме прашања до министерот за внатрешни работи: Што мислите господине министер, дали ќе имаме мирни и регуларни избори во 6-та изборна зона?! Дали треба да бидеме загрижени поради овој човек, којшто само се „омаловажи“ во Тетово, се случија убиства и инциденти и никој не го испрашуваше за одговорноста, напротив вие го штитите?! Или сакате целата изборна единица да ги оставите во рацете на ДУИ и на нејзините криминалци?!, прашуваат од Коалицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот