Книгата „Фантазмагорија: Ода на дрвото“ од Слободан Петровиќ е четиво за вистински сладокусци

Новинарот и долгогодишен уредник во повеќе печатени медиуми, Слободан Петровиќ, како самиздат ја објави книгата со наслов „Фантазмагорија: Ода на дрвото“. За неговата книга првично се изјаснија неколку рецензенти, додека академик Ферид Мухиќ во една реченица напиша: „Извонредно: инспирирано и инспиративно, поетски и егзактно, конкретно и фантазмагорично, со голема посветеност, просветлувачки едукативно, восхитувачки поетично, сјајот на оптимизмот со меланхолични сенчења, гласот со кој немите шуми прозборуваат!“

Публицистот Милан Банов во книгата пронаоѓа парадигма на дрвото: „Дрвото е овде (не случајно) парадигма на љубовта, добрината, вековноста, силата, стаменоста, надежта, очекувањата, желбите, потребите, па ако сакате, и суштината на човековата опстојба. Петровиќ тоа го сфатил на единствениот исправен начин и тоа, Дрвото, длабоко вкоренето во срцето на авторот, го претставил како код за препознавање, како наш ДНК, природно сраснато во нашите духовни гени“.

Писателот Димитрие Дурацовски констатира дека станува збор за книга за читање и гледање: „Ова е сосема неочекувано и изненадувачки, ваква тема и овој пристап. Уживам!“, напиша Дурацовски, додека графичкиот дизајнер Владимир Сидоровски додава дека станува збор за четиво за сладокусци: „Ова е четиво за вистински сладокусци на пишаниот збор и вистински вљубеници во Мајката Природа. И не очекувајте којзнае колку голема читаност, зашто ова не се чита со очи, туку со душа и срце“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 87, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 3-4 јули 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот