Климатските промени ќе ни носат и суши и поплави

Во 70 годишната традиција на Универзитетот Кирил и Методи, само два научни труда се објавени од членовите на оваа институција, во најпрестижните списанија за наука „Нејчр“(Nature) и „Сајанс“(Science). Интересно е што и двата научни труда се дело на професорот Иван Радевски, од Институтот за географија.

Пред две години негов труд беше објавен во „Сајанс“, додека неодамна тој беше коавтор на објавениот текст во „Нејчр“ – „Климатските промени влијаат врз зголемувањето, но и намалувањето на водостојот во европските реки“.

– Првиот исклучителен труд oколу поврзаноста на климатските промени и поплавите беше објавен во американскиот журнал „Сајанс“ со фактор на влијание 37(ИФ=37) којшто исто така е меѓу водечките (втор или трет) во светот во областа на науката. Објавувањето на вакви публикации и исклучително ретко бидејќи како цел ги земаат најелитните научни поединци во светот како Чарлс Дарвин или Исак Њутн, кои што биле автори во британскиот „Нејчр“. За ваква публикација од наша страна најбитна е меѓународната соработка и самоиницијативноста во услови кога финансирањето во науката е катастрофално – вели Радевски.

Од неговата публикација корист ќе има целиот универзитет, особено при наредното рангирање на „Шангајската листа“.

– Колку што мене ми е познато ова е првата публикација со коавторство од УКИМ и од друг македонски универзитет со што се надевам дека во извесна мерка ќе помогнам во неговото подобро рангирање, бидејќи после Нобеловата награда, Медал во областа и високоцитиран научник (над 20000 пати), трудовите во „Нејчр“ и „Сајанс“ за природните науки се следни за вреднување на „Шангајската Листа“ а и на „Кју Ес“ листата, далеку позначајно од останатите списанија со помал импакт фактор и со помал научен углед – објаснува професорот.

Во објавениот труд каде Радевски е коавтор, се појаснува дека климатските промени веќе се видливи на европска почва и дека последиците се чувствуваат.

Иван Радевски

– Луѓето веќе ги чувствуваат последиците, особено во секојдневното живеење и во земјоделските култури. Некои анализи покажуваат промени во облеката кај луѓето и привикнување на нови услови предизвикани од промените на водниот режим на реките. Конкретно, трудот обработува климатски промени и поплави, но климатските промени се значајни буквално во сите сфери – тврди Радевски.

Сепак, тој смета дека човештвото и покрај силните напори, не може многу да влијае на климатските промени.

– Човештвото не може да упадне драстично во климатските промени, туку само да воведува локални мерки за ублажување на истите. Нашите резултати за Европа сугерираат дека зголемувањето на есенските и зимските врнежи доведоа до зголемување на поплавите во Северозападна Европа. Потоа, намалувањето на врнежите и зголемувањето на испарувањето доведе до намалување на поплавите во средните и големите сливови на реките во Јужна Европа и намалувањето на снежната покривка и нејзиното топење, како резултат на потоплите температури, доведоа до намалување на поплавите во Источна Европа.

Радевски додава дека Македонија е земја во развој, со ограничени ресурси и со издвојување за науката на дното во Европа. Жали што во скоро време не гледа услови за било какво сериозно финансирање во сите полиња на науката, а особено во климатските промени од научна гледна точка, а не како апликативни проекти кои се застапени од странските донатори во земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот