
Кличко стравува од нова руска копнена офанзива над Киев
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека главниот град на Украина може повторно да стане мета на руските копнени сили. Кличко ова го изјави во интервју за германскиот весник Билд.
Препорачано
„Киев беше и останува цел на Путин, бидејќи главниот град е срцето на земјата. Но, сега сме многу подобро подготвени за тоа отколку пред две години. Ако Путин ја донесе таа одлука, тоа ќе биде крвава одлука“, рече Кличко.
Кличко интервјуто го даде пред уништената станбена зграда која пред неколку дена беше погодена од руски проектил. Во таа прилика тој го повика Западот да ја зајакне поддршката за Украина: „Итно ни треба повеќе противвоздушна одбрана, повеќе противвоздушни ракети“.
Тој одговори и на коментарите на некои западни политичари за преговорите или т.н „замрзнување на војната“, велејќи: „Тоа е погрешна позиција, наместо тоа ни треба поголема поддршка. Нема да и дадеме на Русија никаква територија. Нема компромис за тоа“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
21мин
-
33мин
-
49мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5