
Клатенбург има предлог како да се подобри ВАР во Премиер лигата
Еден од најдобрите фудбалски судии, Марк Клатенбург има план како да се подобри ВАР технологијата која им создава главоболки на сите екипи во Премемиер лигата, но и на навивачите.
Клатенбург кој моменто работи во Кина изнесе неколку предлози со кои би се подобрила употребата на ВАР во Премиер лигата.
Препорачано
– Да се тргнат одлуките за офсајд од ВАР процесот. Треба да се вратиме на основите и да им дозволиме на линиските судиите да покажуваат кога е офсајд.
– Мора точно да се знае кога се користи ВАР технологијата. Во последното коло, Енди Керол беше сеоборен во шеснаесетникот на Евертон и тоа да се случеше на било кој дел од теренот, ќе беше слободен удар. Вака ВАР не беше консултиран бидејќи прекршокот не беше за пенал. Затоа мислам дека е потребна подобра дефиниција за тоа што е јасна и очигледна ситуација во која се користи ВАР.
– Премиер лигата треба да им дозволи на капитените на екипите на секој натпревар да имаат право сами да побараат „челенџ“, односно да се проверат евентуалните спорни моменти од натпревари.
– Судиите мора сами да почнат да ги прегледуваат снимките, а не да чекаат од контролната соба да ги информираат, мора сами да ја преземат одговорноста за своите одлуки.
– Последниот предлог е да им се овозможи на навивачите на стадионите да можат да ја слушнат конверзацијата помеѓу главниот судија и судијата во контролната соба кој ги прегледува спорните моменти.