Instagram

Ќерката на Бил Гејтс откри што се случува кога ќе донесе ново момче дома и ќе го запознае со нејзиниот татко

Најмладата ќерка на еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, Фиби Гејтс, неодамна откри интересни детали за своето семејство во подкастот „Call Her Daddy“. Особено беше интересно како реагира нејзиниот татко кога ги запознава нејзините момчиња.

„Мислам дека за момчето е застрашувачко, а за мене е урнебесно“, вели 22-годишната Фиби Гејтс, која за прв пат јавно откри дека нејзиниот татко, Бил Гејтс, има Аспергеров синдром.

„Татко ми има Аспергеров синдром и прилично е непријатен во друштво“, објасни таа.

Младата наследничка смета дека реакциите на нејзиниот татко кон потенцијалните партнери можат да бидат добар показател за нивниот карактер.

„Искрено, сега ми стана полесно бидејќи е едноставно пресмешно кога ќе го запознаеш дечкото со татко ти и во зависност од тоа како реагира… знаеш дали е добар или не“, додаде таа.

Фиби оваа година го започна поткастот The Burnouts со нејзината пријателка Софија Киани, каде што често зборува за предизвиците на растењето во сенка на познати родители. Во една од епизодите, таа призна дека во текот на првите години на колеџ се чувствувала несигурно поради својата привилегирана позиција.

-Дојдов и си помислив: „Толку сум привилегирана, јас сум непо бебе“, имав толку многу несигурности околу тоа“, искрено призна таа.

Покрај поткастот, младата претприемачка моментално го развива и Phiu, одржлив стартап за модна и технолошка индустрија, со што ја продолжува семејната традиција на иновативно претприемништво, но во сосема поинаква област од онаа на нејзиниот татко.

Ќерката на Бил Гејтс ја одбила неговата помош, но бара бесплатни услуги од другите – со својот потег ја разбесни јавноста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот