Instagram

Ќерката на Бил Гејтс ја одбила неговата помош, но бара бесплатни услуги од другите – со својот потег ја разбесни јавноста

Фиби Гејтс, најмладата ќерка на основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, се најде во центарот на контроверзии откако нејзината нова бизнис апликација предизвика бран критики на социјалните мрежи.

22-годишната Фиби Гејтс, заедно со поранешната цимерка Софија Киани, неодамна лансираше стартап апликација за е-трговија наречена Phia. Платформата, активирана на 24 април, им овозможува на клиентите лесно да ги споредуваат цените на нови и половни артикли на повеќе од 40.000 страници за продажба.

Иако младата претприемачка нагласи дека го започнала стартапот без финансиска помош од нејзиниот татко милијардер, критичарите тврдат дека нејзиното однесување ја одразува типичната привилегија во која пораснала.

„Помислив: О, не, ќе дојде и ќе ме праша. За среќа, тоа никогаш не се случи“, изјави 69-годишниот Бил Гејтс за „Њујорк тајмс“, опишувајќи ја својата загриженост дека неговата ќерка ќе побара пари за да започне сопствен бизнис.

Наместо помош од нејзиниот татко, Фиби сама собрала 850.000 долари капитал – 100.000 долари од Сома Капитал, 250.000 долари од стипендијата на Стенфорд за социјално претприемништво и 500.000 долари од „добри“ инвеститори.

А сè ескалираше кога креаторот на содржини на Тикток и експерт за луксузна мода, Џарод Џенкинс, јавно ја прозва Фиби за непрофесионално однесување. Во видео објавено на 12 март, Џенкинс тврди дека нејзиниот тим го контактирал барајќи бесплатна рецензија за апликацијата.

„Ова е услуга за која би наплатил илјадници долари, а таа дури не се ни претплати на мојот Substack кој чини 5 долари месечно“, рече Џенкинс, додавајќи: „Всушност ја преземав апликацијата и сфатив дека е сосема бескорисна“.

Во видеото, Џенкинс детално ги опиша недостатоците на апликацијата, вклучувајќи го и фактот дека препорачува сосема различни производи од бараните и не вклучува доволно бутици.

Критиките се шират преку социјалните мрежи

Реакциите на корисниците на социјалните мрежи беа остри. „БЕСПЛАТНО????“, а нејзините родители се КОИ?!!??!??“, напиша еден корисник на Тикток, додека друг додаде: „Уморен сум од привилегирани деца кои влегуваат во модниот простор, а не вложуваат труд.“

Критиките се проширија на Редит, каде што корисниците брзо го осудија она што го сметаат за типично „однесување на богати деца“.

„Да, ама тоа што Бил Гејтс ѝ е татко, сигурно помага да се привлече вниманието на Крис Џенер, без разлика дали тој ѝ дал пари или не…“, коментираше еден корисник, осврнувајќи се на медиумското внимание што го доби апликацијата, вклучувајќи го и интервјуто со Крис Џенер и статијата во „Њујорк тајмс“.

И покрај контроверзиите, Фиби Гејтс продолжува да ја развива својата апликација, која се стреми да стане „Booking.com на модниот светот“. Дали ќе успее да ги надмине критиките и да ја докаже вредноста на својот производ, останува да се види.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот