
Ќерката на Бил Гејтс е мета на расистички коментари поради фотографија со црнец
Најмладата ќерка на мултимилијардерот Бил Гејтс е мета на потсмев и расистички коментари откако објави фотографија со црнец за кој се верува дека е нејзиното ново момче.
Препорачано
Фиби Гејтс на својот инстаграм-профил сподели фотографија на која непознат маж ја бакнува во образ, без да го открие неговото име или да го означи во објавата.
Набрзо следеа бројни исмејувачки и навредливи коментари, па 19-годишната Гејтс на крај реши да ја избрише фотографијата од оваа социјална мрежа. Сепак, најупорните тролови продолжија да ја споделуваат.
Bill Gates youngest daughter ‘Phoebe Gates’ shares photos of her and her new man ❤️ pic.twitter.com/7qTCjpS5zV
— dubseatv (@dubseatv) July 5, 2022
Меѓу коментарите, корисниците најмногу го потенцираа нивниот „меѓурасен однос“ како и нејзиното наследство бидејќи Бил е еден од најбогатите луѓе во светот. Иако имаше и такви кои истакнаа дека „љубовта не познава граници“, други се шегуваа дека младиот човек сега е „безбеден“ и дека „добил на лотарија“.
„Тој си го обезбедил паричникот“, „Ова е џекпот! Немој да ја зезнеш работата брат“, се некои од коментарите.
Едно лице објави видео од црнец како мафта со пиштол во рака додека вози автомобил, со порака: „Фиби и нејзиното момче доаѓаат кај Бил Гејтс на Денот на благодарноста“.
Phoebe Gates and her boyfriend pulling up to Bill Gates house for Thanksgiving pic.twitter.com/bMZNIEJNTC
— Tweets Need A Body (@1RobRich) July 6, 2022
Некои корисници се пошегуваа дека ова е „победа за црнечката заедница“ и дека „конечно ќе добијат компензација на овој или оној начин“…
„Драга Фиби. Не излегувај со црнец само затоа што е модерно или има некои други предности, туку подобро појави се на улица и поддржи нè кога протестираме“, ѝ порача една корисничка, а потоа заклучи: „Ако забремениш и вашите деца ќе бидат црни и така ќе ги гледа општеството“.
Фиби, која треба да ја започне својата втора година на Универзитетот Стенфорд оваа есен, е едно од трите деца на Бил и Мелинда Гејтс кои во мај оваа година се разделија. Тие беа заедно 27 години, а на јавноста ѝ порачаа дека „повеќе не веруваат дека можат да растат заедно“. Покрај Фиби, тие ја имаат и 26-годишната ќерка Џенифер и 23-годишниот син Рори.