Фото: Слободен печат

Ќе здивнат ли граѓаните од секојдневните поскапувања на храната и до кога ќе плаќаме високи провизии? Гувернерката Ангеловска- Бежоска во „Слободен печат“

Ќе здивнат ли граѓаните конечно од постојаните поскапувања на храната, имаше ли ефект новогодишната кошница, казнети ли се некои деловни банки за постојаното зголемување на провизиите? Гувернерката на Народна банка на Република Северна Македонија Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за „Слободен печат“ зборува за девизните резерви, за стабилноста на курсот на денарот, но и за намалувањето на каматните стапки.
И Британците се соочуваат со пропусти кај институциите. По бројните убиства коишто се случија, семејствата на жртвите револтирани бараат независни истраги. Лути се бидејќи истрагите на надлежните покажаа пропусти. Како изгледа судството во Велика Британија? За оваа тема од Лондон ја вклучуваме новинарката Жанета Скерлев
Што се случува со сообраќајната култура во Скопје? Дали сме сведоци сме на неодговорноста и несовесното возење на возачите во главниот град? Што мислат граѓаните за дивеењето по улиците? Гледајте ја анкетата на „Слободен печат“.

Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот