Државен пазарен инспекторат / Фото: МИА

Ќе се рушат бесправно изградените објекти на аеродромот Стенковец, во кои се организираа свадби

Државниот градежен инспекторат донесе решение за рушење на објект во кој се организираа свадби и други веселби на спортскиот аеродром Стенковец, а со кој оперира Аероклубот „Скопје“ бидејќи, како што велат, бил дивоградба и небезбеден за организирање на свечености.

Инспекторатот соопшти дека при вонредниот инспекциски надзори констатирани се низа неправилности во однос на градбите – на лице место постојат објекти кои се дивоградби, а во истите се организирале настани (свадби, прослави, други активности).

Исто така изречена е забрана за користење на салата за свадби, терасата и апартманите, за организирање на музички концерти, родендени и свадби бидејќи претставуваат непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето. Инспекторатот му забрани на Аероклубот да врши адаптација на намената на Хангарот за авиони за организирање на музички концерти, родендени и свадби, без да поседува Одобрение за пренамена.

По рекламите на „Дион Стенковец“ за организрање на настани, беа најавени опсежни инспекциски контроли на сите спортски аеродроми. Министерот за транспорт Александар Николоски најави дека аероклубовите ќе бидат цел на опсежни контроли за нивното работење, откако се прошири веста дека на скопскиот аеродром Стенковец се одржуваат свадби и други свечености.

Во Куманово, Прилеп и Битола не прават свадби, од пистите летаат само авиончиња- велат од аероклубовите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот